Суштинска улога на фосфорот во растенијата

Фосфорот е суштински хранлив елемент и е како дел од неколку клучни растителни соединенија и структури, како катализатор во имплементацијата на бројни клучни биохемиски реакции во растенијата. Фосфорот има особено значајна улога во фаќањето и конвертирање на енергијата од сонцето во корисни растителни елементи.
 
Фосфорот е витална компонента на ДНК, генетска “мемориска единица” на сите живи суштества. Исто така е составен дел на РНК, која што го чита ДНК генетскиот код за да изгради протеини и други состојки од суштинско значење за заштита на растенијата, структурата, семе, принос и генетски трансфер. Структурите на ДНК и РНК се поврзуваат преку фосфорот.
 
Фосфорот е витална компонента на аденозин трифосфат, АТП, “енергетска единица” на растенијата. АТП за време на фотосинтезата, има фосфор во својата структура и учествува во физиолошко – биохемиските процеси од почетокот на растот, во текот на вегетацијата, па се до зрелоста.
 
Поради тоа, фосфорот е од суштинско значење за општата здравствена состојба и силата на сите растенија. Некои специфични фактори на раст кои биле поврзани со фосфор се:

  • Поттикнува развој на корен
  • Зголемување на силата во цветната дршка и стеблото
  • Подобрува формирање на цвет и производство на семе
  • Ја подобрува униформноста кај растенијата
  • Ја зголемува фиксацијата на азот од легуминозите
  • Подобрувања на квалитетот
  • Зголемена отпорност на растенијата од болести
  • Поддржува раст и развој во текот на целиот животен циклус