EC и растот на растението

За оптимален раст и квалитет на растението понекогаш е потребно високо EC, а понекогаш ниско EC!

Вовед

EC (mS/cm) претставува електро спроводливост на супстратот, на овој начин се мери количината на хранливи елементи околу коренот. Количинта на хранливи материи има влијание врз растот на растението. Во пракса одгедувачите го регулираат растот на растението и неговиот квалитет преку EC, влагата на супстратот,почвата и RH (релативна влажност).

EC и хранливите елементи

Секоја култура има сопствен карактеристичен за неа хранлив раствор. Балансот помеѓу елементите зависи од начинот на одгледување во зависност дали растението е во фаза на раст, цветање или плодоносење. ЕС вредноста зависи од брзината на растење на растенијата. Во случај на брз раст на културата и добра клима хранењето треба да биде повисоко. Одгледувачот сам треба да одлучи дали растението има потреба од помалку или повеќе. Може да биде неопходно и испирање со чиста вода.

Високо EC

Високото EC го намалува примањето на вода притоа се оневозможува издолжувањето на клетките во растечките точки. Ова се нарекува ефект на засолување. Високото EC предизвикува висок ризик за пресолен супстрат при што коренот умира. EC-то на растителните сокови се движи помеѓу 12-14 mS/cm. Во случај кога EC на супстратот станува повисоко, тогаш доаѓа до процес на плазмолиза.
Во тој случај како резултат на солта во супстратот водата е извлечена од растителните клетки.
Високото EC во овој случај може да ги оштети корените. При саксиско производство се додаваат сулфати бидејќи овој елемент го зголемува EC –то но не го стимулира растот и во овој случај растенијата остануваат мали.

Ниско EC

При ниско EC растенијата примаат премалку за нивниот раст. Всушност ова е недостаток на еден елемент. Елементите кои најчесто се користат за да влијаат на растот и не предизвикуваат деформитети се азот и фосфати. Ниска доза на фосфати се употребува на почетокот на одгледувањето со цел да го одржи растението целосно. При ниско ниво на азот растенијата остануваат помали. Високи количини на азот предизвикуваат поголем вегетативен раст и ја стимулираат големината на листот. Поради оваа причина, при генеративен начин на хранење азотот е намален и на овој начин растението е стимулирано да престане да расте и формира цветови. Ниско ниво на азот може да предизвика растението да цвета порано. Ниското ниво на азот на почетокот на одгледувањето го прави растението помало. Кога е аплициран повеќе азот големината на цветот е поголема.

EC и наводнување

Сувиот супстрат има високо EC. Нормално влажниот супстрат има EC од 1,5 mS/cm, кога супстратот станува посув EC може да се качи до 3,5 mS/cm. Оваа разлика на EC-то е присутна помеѓу влажните и сувите места во почвата или во супстратот. Во практичните ситуации на сувите места EC-то може да биде 3-4 пати повисоко од измереното EC.
Кај саксиско одгледуваните растенија направени се експерименти со покачени нивоа на EC.
При експериментирање со циклама, на зададени нивоа на EC од 1,1; 1,7 и 2,4 се гледа дека на високо EC растенијата се поголеми, а на ниско EC цветањето е порано.

EC и испарувањето

Нагорниот тек на водата исто така ги пренесува хранливите материи. При повисок проток на вода повеќе хранливи материи се пренесуваат до листовите. Некои од солите како натриумот и борот се примаат повеќе отколку што е потребно. Вишокот на овие елементи секогаш е концентиран по рабовите на листовите и врвот на растението. Ова на некој начин е самоодбрана на растението. Во случај концентрацијата на сол да стане премногу висока врвот на листот умира и на овој начин растението го исфрлило вишокот на сол. Додека пак некои други растенија имаат специјални отвори на врвот на листот преку кои се исфрлаат солите при процесот наречен гутација.
Во летниот период со цел да се изладат растенијата тие имаат повисока евапорација(испарување) отколку во зимскиот период. Водата употребена за изладување е вишок над нормалната количина на вода за транспорт на хранливите елементи. Поради таа причина во летниот период при висока радијација и во потоплиот период од денот EC –то е подесено и намалено на 0,3-0,5 .
Нивото на ЕС е квалитетот на храна што му ја даваме на растението. Во случај на ниско EC растението не може доволно да се храни и останува слабо. При високо EC растението прима премногу и го спречува растот. Поради овие причини неопходно е редовно да се мери EC-то на неколку локации во оранжеријата.
Доколу сакате да знаете повеќе околу како, каде и кога треба да се мери EC контактирајте не за дополнително објаснување.