Еп & флод табли

Еп & флод таблите се стандард за размножување на садници во стакленичката индустрија.

Ebb and Flow Tables 1 Ebb and Flow Tables 2

Таблите овозможуваат голем број на садници да бидат произведени на мало место пред да бидат транспортирани на главниот хидропонски систем. Еп & флод таблите користат процес на поплава и одвод за да се наводни растението одоздола и истото да се исцеди и вишокот на влага да се отстрани. Циклусите на наводнување овозможуваат застојаниот воздух да се отстрани и растението да вшмука свеж воздух преку порозноста на растението. Растението не е целосно потопено, но само делумно заситено, овозможувајќи преку неговиот систем за прихрана да прими храна до самиот врв. Кога таблата се исцедува кореновиот систем е изложен на кислород со што се овозможува негов енергичен пораст.

Во зависност од типот на растението и развојната фаза, чиста вода или слаб хранлив раствор се впумпува во таблите неколку пати во текот на денот за да се задржи еднакво ниво на влага кај растението во текот на целиот ден.
Покрај нивното користење за раст на расад, еп & флод таблите можат исто така да бидат искористени за развој на различни растенија во контејнери од фаза на расад до возрасно растение.
Еп & флод системот водата излегува одоздола со што се овозможува еднаква распределба кај сите растенија, додека листовите и цветовите не се натопуваат. Може да се избира помеѓу пластични и алуминиумски дна. Нашиот комплетен пакет се состои од комплетна техничка инсталација потребна за еп & флод системот. Нашиот партнер KG Systems од Холандија нуди врвен квалитет на еп & флод системи.
Ваквиот вид на табли можат да бидат видени, а истовремено можете да добиете дополнителни информации за комплетни еп & флод проекти доколку го посетите нашиот Хортицентар – Greenhouse training center, каде со нашите професионални партнери KG Systems и KG Greenhouses од Холандија можеме да Ви понудиме најдобро решение за Вас.