Департмент 3

Департмент 3, чија главна цел е производство на расад, е во функција веќе неколку месеци.
 
Изминатиот период повеќе култури поминаа низ овој Департмент, а особено сме горди на доматите од хибридните сорти: Euphoria, Zouk, Mamirio pink, Tyty cherry, Belle, Angele cherry и Emotion кои веќе се сместени во Департмент 1 и Департмент 2. Исто така треба да се спомене и руколата од сортата Magnum, која што привлече доста голем интерес од страна на посетителите на Хортицентар.
 
Квалитетот што Хортицентар го поседува привлече доста внимание од посетителите од хортикултурниот сектор, како национален така и интернационален, а мисијата и визијата на нашиот тим се изразени преку разновидите тренинг програми што Хортицентарот ги нуди за сите заинтересирани страни. Повеќе информации за нашите тренинг програми овде.
 
Департментот 3 е составен од пет табли на кои во овој момент се одгледуваат разни култури кои се наводнуваат преку еп & флод системот на прихрана.
На една од таблите е сместен расадот: марула црвена од сортата Medea (2000 семиња) и спанаќ сорта Dolphin baby (3000 семиња), насеани на 17.03.2015. Истите веќе имаат оформено листови и се во одличен раст и развој.
На две табли одгледуваме марула во саксии од сортата Funsong, додека јагодите се насадени во вреќички од кокос и се сместени на една од таблите и се со значителен раст.
 
Во продолжение галерија од последните активности во Департмент 3