Пукнатини на пиперката

Пукнатините (уште наречени и шеќерни пукнатини) се едни од најчестите физиолошки проблеми кај пиперката. пукнатините можат да бидат мали или големи на врвот на плодот, страните или дното. Плодовите со мали незабележителни пукнатини ( Слика 1 A & D) често се продаваат, посебо за време на недостаток на пипер на пазарот. Додека пиперот со поголеми, непривлечни, пукнатини не се продаваат (Слика 1 B & C).
Cracks on Sweet Peppers 1
Cracks on Sweet Peppers 2
Во споредба со другите плодови каде што пукањето е проблем, плодот на пиперката е празен/шуплив. Ова го прави пиперот поподложен на пукање бидејќи плодот е по склон кон стегање и ширење.
Шеќерното пукање започнува како микроскопско пукање во кутикулата (надворешниот слој) кога плодот започнува да добива боја. Почетно пукнатините се само на кутикулата и истите можат да бидат забележани само под микроскоп. Како состојбата напредува пукнатините стануваат поширок, се шират низ основниот епидермален слој и подоцна оди подлабоко кон паренхим клетките. Во оваа фаза, пукнатините можат да бидат забележани со голо око, посебно доколку се користи стакло за зголемување. Ткивото на плодот реагира со тоа што почнува да лачи секрет за да се зацели раната со што го прави плодот непогоден за продажба. (Слика 2)
Зошто кутикулата на плодот пука во периодот кога тој ќе достигне зрела фаза?
Кутикулата е нежив, заштитен слој кој ја покрива површината на плодот. Ги штити ѕидните ќелии на плодот од дехидрација и патогени, а е формиран преку секрецијата на епидермалните клетки. Иако кутикулата е нежива, нејзината содржина се менува како што плодот се развива. Кога се формира младиот плод и обемот се зголемува, кутикулата е еластична. Доколку се формираат пукнатини во овој период, тие се пополнети со секрет од епидермалните клетки. Со тек на време плодот зрее и започнува за добива боја, обемот останува непроменет па помалку маст се излачува во кутикулата. Некои истражувачи сметаат дека содржинатана кутикулата може да се промени и станува помалку еластична и по пропустлива на вода.
Што се причините за пукнатините на пиперот?
Главна причина за оваа појава е експанзијата на плодот за време на ноќта и намалувањето во текот на денот. Дневното намалување и експанзија ја слабеат кутикулата на зрелиот плод. Во текот на денот водата се губи преку транспирацијата. Во текот на ноќта водата се зема од коренот и транспортира до плодот. Ова предизвикува притисок (тургор) на ѕидот на плодот (Слика 2). Бидејќи транспирацијата не се случува во текот на ноќта, тургоровиот потенцијал може да биде голем во кутикулата, а подоцна епидермот пука.
Плодот кој е во развој не е подложен кон пукање бидејќи кутикулата е дополнета континуирано и затоа што ѕидот е тенок и содржи мала количина на сахароза. Во текот на развојот, ѕидот станува подебел и кога се зрели (црвени или жолти) количината на сахароза може да биде и до 20%. Високата содржина на сахароза води до низок воден потенцијал и предизвикува водата да „тече„ во плодот за време на малата транспирација – кога е ладно или за време на ноќта.
Растителни карактеристики поврзани со пукнатините
Пукањето може да биде поистоветено со следниве карактеристики:
• Генетика – некои видови се склони кон пукање.
• Дебелината на ѕидот на плодот – Колку е подебел ѕидот може да содржи повеќе вода а со тоа и поголем притисок во текот на ноќта. Бидејќи одгледувачите ги селектираат видовите, не сите на видови на пиперка со дебел ѕид се склони кон пукање.
Фактори на животната средина поврзани со пукање
• Намалената транспирација резултира со помала количина на вода која тече од плодот кон листот, а резултира со притисок во ѕидот на плодот. Високата релативна влажност е главната причина за ниската транспирација во текот на ноќта. Посебно во периоди кога минималните температури се доста ниски, во пролет и на есен. Транспирацијата е ниска за време на ладни и облачни денови.
Транспирацијата е намалена кога лисната површина е недоволна. Ова може да се случи кога растението е подкаструвано неправилно, и многу листови се отстранети, или пак кога растението губи листови како резултат на лисни болести.
• Водниот стрес во текот на денот е предизвикан од протокот на вода од плодот кон листовите, бидејќи станува тешко за корените да земаат вода од почвата, сепак транспирацијата го зазема местото за контрола на температурата.
Наводнувањето за време на топли, суви денови е важно за да се одржи балансот на водата во пиперот.
• Директното зрачење. Температурата на плодот изложен на директна сончева светлина, може да биде 3°C повисока отколку кај засенчените плодови. Истражувањата шпекулираат дека зголемената температура може да доведе до зголемен воден потенцијал кој пак може да доведе до поголем воден проток од плодот кон листот.
Менаџирање за да се намалат пукнатините
• Растенијата мораат постојано да добијат доволна количина на вода. Ова ќе го намали водниот проток од плодот кон листот под услови кога стапката на транспирација е висока.
• Растенијата мораат да имаат добра заштитна покривка цело време со што ќе се заштити плодот од директната светлина и да се обезбеди оптимална транспирација.
• Да се обезбеди добра вентилација, посебно во пластениците. Во текот на денот, вентилацијата ја отстранува влагата околу листовите со што резултира со подобрена транспирација. Во текот на ноќта, вентилацијата помага да се спречи висока релативна влажност.
• Ризикот за напукнување на плодот се зголемува во пролет и есен. Минималните ноќни температури се ниски, додека максималните дневни температури се доста високи.
• Изберете сорти помалку склони кон напукнување.
• Имајте на ум дека дебелите ѕидови на плодот се помалку склони кон напукнување.
За експертски совет околу овој проблем со пиперот, можете да го контактирате нашиот професионален тим во Хортицентар – Greenhouse training center.