Најчести проблеми при производство на расад

  • Увиткување на листот
  • Премногу ѓубривa предизвикуваат увиткување на листот, особено при силна светлина. Намалете ја количината на ѓубриво или доколку проблемот е голем, пресадете го расадот во свежо потопена почва.

  • Пожолтување на долните листови
  • Премногу ѓубриво може да предизвика пожолтување на листовите. Избегнувајте прекумерно прихранување на младите растенија. Осигурајте се дека има добра воздушна циркулација помеѓу растенијата.

  • Полегнати растенија
  • . Полегнатите растенија имаат голем простор помеѓу листовите и имаат тенки (слаби стебла). Уверете се дека растенијата добиваат доволно светлина. Не дозволувајте температурата да биде превисока. Осигурајте се дека растенијата не се густо насеани. Добро е, полегнатите растенијата да се пресадат во подлабок контејнер.

  • Промена на бојата на листовите
  • Бледилото на листовите често е знак за недостаток на хранливи материи. Бледилото може да биде знак на недостаток на азот или недостаток на доволно светлина. Црвено-виолетовата боја на листовите може да биде знак за недостаток на фосфор, исто така стеблата на расадот можат да се покријат и со ситни влакненца. Кога почвата е премногу кисела, фосфорот не може да биде абсорбиран од почвата. Бронзената или кафеавата боја на рабовите на листовите е знак за недостаток на калиум или присуство на преголемо количество на вода.

    Кога настанува промена на бојата на листовите, расадот треба да се пренесе во медиум кој содржи компост. Компостот треба да ги содржи сите потребни минерали за растенијата.

  • Промена на бојата на коренот
  • Промената на бојата на коренот може да биде предизвикана од преголемо количество на ѓубриво или преголемо количество на топлина што може да резултира со ослободување на вишок соли во почвата. Затоа употребувајте почва со добар воздушен режим и не аплицирајте премногу ѓубриво или премногу вода.

  • Мувла
  • Мувлата на површината на почвата е знак за лоша дренажа и недостаток на воздушна циркулација. Изгребете ја површината на почвата за да се зголеми аерацијата, преместете ги садниците на место каде има добра воздушна циркулација. Исто така можете да додадете јаглен во прав на површината на почвата.

  • Штети предизвикани од инсекти
  • Идентификувајте ги инсектите во текот на работата. Превенцијата е секогаш најдобриот начин на дејствување. Избегнете го прекумерното ѓубрење што може да резултира со прекумерен зелен раст кој може да привлече инсекти како што се зелените вошки. Растителните остатоци чувајте ги подалеку од градината или оранжеријата бидејќи во нив може да се кријат разни штетни инсекти или полжави. Поставете ѓи растенијата кадешто има добра воздушна циркулација за да се забави развојот на пајаци. Користете жолти лепливи стапици за контрола на белокрилката. Користете плава леплива стапица за контрола на трипс.

  • Паѓање (просмукнување) на расадот
  • Неуспехот на расадот и паѓањето на растенијата е знак за габични заболувања. Просмукнувањето на расадот е резултат на габа која ѓи напаѓа растителните стебла на површината на почвата. Премногу азот и влага може да биде причина за паѓање на расадот. За да се ибегне ова потребно е одржување на добра воздушна циркулација, да се ибегне прекумерното наводнување и да се сее семето во стерилен медиум.

  • Неадекватен коренов раст
  • Доколку и пресадувањето на расадот е неуспешно тоа може да биде од неколку фактори: лошо исцедена почва, недоволно плодна почва, преголемо количество на ѓубриво, температурата е премногу ниска или почвата е недовлно аерирана.

    За успешно производство на расад контактирајте го стучниот тим од Хортицентарот.