Калциум Нитрат


Карактеристики

Calcium Nitrate

  • Целосно растворлив, без резидуи
  • Ниско ниво на нечистотии (фосфати, железо, флуор) и ниско ниво на концентрација на амониум (N-NH4).
  • Растворениот производ дава целосно транспарентен раствор по растворањето
  • Производот е бел / со малку жолтеникави топчиња
  • Се користи во високо технолошки хортикултурни околности (без почвено производство) и фолијарно прскање
  • Достапно и во специфични деривати со на пр. Магнезиум Нитрат и / или (хелатни) микро елементи
  • Компатибилен со повеќето ѓубрива растворливи во вода

Дозирање

Споменатите дози и апликации се субјект на почвените и климатските услови, влијанието на претходните култури и останати специфични услови. Точното дозирање и фази на апликација можат да бидат дадени после објективни дијагностички процедури на пр анализи на почва, субстрат и / или растителен материјал.
Овој производ е компатибилен со повеќето ѓубрива, освен сулфатните или фосфатните ѓубрива. Затоа користење на овие ѓубрива е потребно во посебен резервоар или да бидат аплицирани во различно време.

Начин на дозирање | Фертигација (капка по капка)

Култура Време на апликација Дозирање во kg/ha
Овошки Веднаш после цветањето 200 – 500 kg
Лозје Од раната фаза на отварање на пупките се до крајот на цветањето 100 – 200 kg
Зеленчук (компир, домат) Компир: од развојот на кртолата до фаза на цветање
Домат: Еден месец од расадувањето до фаза на созревање
100 – 200 kg
150 – 300 kg
Зеленчук Веднаш после цветањето. 150 – 250 kg

 

Начин на дозирање | Фолијарно (преку лист)

Култура Време на апликација Дозирање на една апликација* Концентрација на раствор на спреј (w/v)
Јаболка, Праска 5 – 10 апликации:
- Раната фаза на развој на плодот до 6 недели пред берба
5 – 10 kg 0.5 – 1.5%
Јаткести овошја 3-4 апликации
- Раната фаза на развој на плодот до почетокот на зреењето
3 – 6 kg 0.5 – 1.0%
Лозје 2 – 3 апликации:
- Од растот на плодот па се до зреењето
4 – 6 kg 0.5 – 1.0%
Зеленчук
дињи/краставици
домати/пипер
Од оформувањето на плодот па се до две недели пред берба, секои две недели
Од оформувањето на плодот па се до две недели пред берба, секои десет дена
2 – 5 kg 0.5%
0.1 – 0.3%

Пакување

Достапен во пакување од 1.000 kg и 25 kg


Функцијата на калциумот

Калциумот игра голема улога во формирањето на ѕидот на мембраната на клетката и издржливоста на истата. Ја зголемува делбата на клетките одржувајќи го интегритетот на клетката и издржливоста на мембраната. Калциумот дејствува исто како активатор на неколку ензимни системи во синтезата на протеините и трансферот на карбохидратите. Калциумот се меша со анјоните вклучително и арганските киселини, сулфатите и фосфатите. Тој делува како средство за детѕоксикација неутрализирајќи ги органските киселини во растението. Калциумот индиректно помага за подобар принос намалувајќи ја киселоста на почвата кај киселите почви.


Недостаток на калциум

Недостатокот на калциумот кај лисјата е изразен како некроза во базата на листот. Поради ниската мобилност на калциумот, симптомите најпрвин се изразени на младите листови. Класичните знаци на недостатокот на калциум се изразени како пожолтеност на на врвот на плодот доматите, на врвот на марулата како и заболување на региите на раст кај многу растенија. Некротична површина е доста честа. Ова е генерално поврзано со слабата транслокација на калциумот отколку со надворешната достава на истиот. Растенијата кои имаат слаб раст поради недостатокот на калциум можат да го заменат калциумот од постарите листови кон помладите со цел да се одржи растот на растението. Поради ова може крајните листови да се развиваат поспоро од останатите. Гранките на растението ќе се развијат но истите ќе бидат без листови. Растенијата кои што патат од хроничен недостаток на калциум имаат поголема шанса да овенат од останатите растенија.
Apple Lemon Tomato