Недостаток на калциум кај расадот од пиперка

Како чест проблем кој се јавува во расадопроизводството на пиперка е завиткувањето на врвната меристема, пратено со деформација на главниот нерв. За да се утврди точната дијагноза и природата на заболувањето потребно е да се извршат претходни анализи, како на пример, да се утврди какви температури имало во објектот пред да се појават симптомите, присуство на штетници итн.Најчеста причина поради која доаѓа до завиткување на врвните листови е недостатокот на калциум. Калциумот како хранлив елемент не е мобилен во растението и поради тоа првите симптоми на негов недостаток се манифестираат на органите кои интензивно растат, а во овој случај тоа е врвната меристема. Симптомот на недостаток на калциум, често земјоделските производители го поистоветуваат со симптом на исхрана од лисни вошки и непотребно ги третираат растенијата со инсектициди заради нивно сузбивање. Третирањето (поливката) со калциум нитрат или калциум во хелатна форма, заедно со некој друг хранлив елемент(најчесто магнезиум), дава позитивни резултати, но мора да имаме во предвид дека лисјата што се деформирани, нема да се вратат во нормала, но заради тоа, растението постепено ќе го добие посакуваниот раст и развој.
За стручен совет можете да се обратите до стручно советодавниот тим на ХОРТИЦЕНТАР.