Зелката полна со витамини и минерали

Кога ќе купите чоколадо или чипс, мoшне едноставно e да ја видите нивната нутритивна вредност, бидејќи е наведена на самата амбалажата. Но, што се случува кога сакате да ја дознаете вредноста кај овошјето и зеленчукот. Бидејќи тие немаат амбалажа и налепница со нутритивни вредности, во овој серијал ќе можете да дознаете што всушност тие содржат.
Зелката, со нејзините кошули триста, е еден од најздравите зеленчуци, актуелни за овој период од годината. Полна со витамини и минерали, таа не само што го зајакнува имунитетот, туку и го забрзува метаболизмот, ги топи маснотиите и поради тоа е составен дел на многу диети. Дури и поткиселената зелка не ги губи својствата и е подеднакво здрава како и свежата. Еве табела кои нутритивни состојки ги содржи зелката.

Нутритивни факти

22 калории

СОСТОЈКА ВРЕДНОСТ НА 90 ГР % ОД ДПК
Масти / 0%
Холестерол / 0%
Јаглехидрати 5 Гр 2%
Диететски влакна 2 Гр 9%
Шеќери 3 Гр /
Протеини 1 Гр /
Вода 89 Гр /
Витамин А 8 Мг 2%
Витамин Ц 32,6 Мг 54%
Витамин К 85 Мкг 83%
Витамин Б6 0,1 Мг 6%
Фолна Киселина 38,3 Мкг 10%
Калциум 35,6 Мг 4%
Железо 0,4 Мг 2%
Магнезиум 10,7 Мг 3%
Фосфор 21,7 Мг 2%
Калиум 151 Мг 4%
Манган 0,1 Мг 7%