Коренчиња на стеблото на доматот

Коренчињата на стеблото на доматот започнуваат стотици мали влакненца кои можат да се претворат во коренчиња кога се закопани под земја. Над земјата тие формираат нодули, наречени коренови почетоци, непожелни корени. Тие се најраната фаза од развојот на доматните корени. Најчесто овие коренчиња не се штетни за доматот и се сметаат за нормални.

Bumps on tomato stems

Кога се развиваат овие коренчиња/испакнатинки на стеблото?

Испакнатините се појавуваат како резултат на стрес – најчесто кога има блокада во васкуларниот проток на стеблото.
Специфичниот хормон auxin праќа сигнал до коренот на растението за настанатата блокада.
Доколку постои блокада и хормонот не може да патува природно тој се собира во стеблото.
Блокадата настанува од следниве причини:
• внатрешна повреда
• нерамномерен раст на ќелиите
• висока влажност
• често влажно време
• прекумерно наводнување
• лоша дренажа
• во чести случаи болестите како на пример овенување предизвикани од патогени
• останати повреди на коренот
Често блокадата е поврзана со водата. Коренот на доматот има потреба од воздух исто колку што има потреба и од вода. Прекумерното наводнување или вишокот на дожд (вклучително и лошата дренажа) ги пригушува. Растението компензира со тоа што пробува да развие повеќе коренчиња на стеблото т.н. коренови зачетоци.
Тие можат да имаат иста боја како и стеблото. Но може да бидат бели или да се претворат во кафеави.

Како да се спречи оваа појава?

• Насадете ги доматите во почва каде има добра дренажа
• Не ги наводнувајте прекумерно
• Избегнувајте со нанесување на хербициди во близина на доматите.

Коренчињата на стеблото на доматот може да означува други проблеми

Повремено кореновите зачетоци можат да бидат знак на останат проблем. Барајте знаци на:
• овенување (fusarium или verticillium)
• кафеави листови (може да означува повреда на коренот)
• закржлавен развој (може да означува оштетување на коренот)
За подетални информации околу овој проблем кај доматите, ве молиме контактирајте не, нашиот експертски ти во Хортицентар – Greenhouse training center.