Придобивка и предности на хидропоника

Придобивки на хидрипониката:

• Растенијата не висат над почвата.
• Растенијата можат да бидат поплодни благодарејќи на условите на медиуомот каде се засадени.
• Психолошки, може да ни биде задовлоство и сатисфакција гледајќи ги нашите растенија како цветаат.

Предности на хидропониката:

• Хидропониката е погодна за места кои што се лимитирани со обработлива почва.
• Хидропониката е погодна за места кои имаат неплодна почва.
• Со помош на хидропониката бербите се поголеми во однос на традиционалното производство.
• Хидропониката е поефикасна во однос на потрошувачката на вода. Иако го носи името хидропоника сепак не правете грешка, овој метод на одгледување е поефикасен отколку конвенционалниот во однос на потрошувачката на вода. Кај конвеционалниот метод на одгледување водата се полева на почвата, при што дел ќе биде апсорбиран од растението а дел изгубен. Кај хидропонскиот метод на одгледување водата која се губи е минимална во однос на конвенционалниот начин на одгледување.
• Се намалува исцедувањето на хемикалии во почвата. За разлика од конвенционалното одгледување каде резидуите од ѓубривата ќе продолжат да се акумулираат во почвата и стануваат деструктивни за плодноста на почвата.
• Се намалува или воопшто не се употребува хемиската заштита на растението.
• Содржината на исхраната кај хидропонските растенија е повисока.
За подетални информации околу хидропонското производство, контактирајте го нашиот експертскo советодавен тим на Хортицентар – Greenhouse training center.