Азиската овошна вошка Drosophila suzukii во овоштарниците и лозовите насади

Полифагна и инвазивна азиска овошна вошка

Азиската овошна вошка Drosophila suzukii е полифаген и инвазивен штетник кој напаѓа широк спектар на овошни врсти и ги напаѓа плодовите во фаза на зреење. Може да предизвика многу големи штети на сите овошни врсти кои што имаат тенка кожа на плодот и тоа на: јагодата, малината, капината, црешата, праската, кајсијата, сливата, смоквата и на плодовите од винова лоза.
Економскиот значење на овој штетник е големо, зато што оваа вошка ги напаќа плофовите во фаза на зреење. Голем напад најчесто се забележува во насадите кои што се запуштени и на кои не е извршена берба.

Како да се направи мамец за азиската овошна вошка?

Во мамецот, кој може да се направи од пластично шише, се става смеса од 150 мл црвено вино, 150 мл јаболков оцет и неколку капки детергент за садови. На врвот са бушат дупки преку кои ќе влезе вошката. Мамецот се менува на секои 7 дена. Доколку постои можност треба да се постави високо во крошната на дрвото. Препорака е зрелите плодови да се берат секјодневно а скапаните плодови да се отстрануваат од овоштарниците.

Мерки за контрола на популацијата на овошната вошка

За да се контролира популацијата на производителите им се препорачуваат следниве мерки:
– Масовно излориање на зрелите единки со поставување на голем број на мамци (пластични шишиња со избушени дупки во кои се меша црно вино ( 1.5 дл), јаболков оцет (1.5 дл) и неколку капки детергент за садови
– Скратување на интервалот на берба, а се со цел што побрзо отстранување на плодовите од парцелата
– Задолжително отстранување и спалување на заразените трули плодови, како и хигиена на кравите на парцелата (околните диви билки можат да бидат домаќини на овој штетник и местои на негово размножување)
– Kontrola ambalaže i druge opreme za berbu zbog mogućnosti širenja na veće udaljenosti transportom.

Исто така многу важно е да расположивите контроли се спроведат на целиот регион. Во спротивно не може да се очекуваат задоволителни резултати.
За повеќе информации и совети од оваа проблематика можете да не контактирате нашиот Хортицентар тим.