Течно ѓубриво Амониум Нитрат 18%

Амониум Нитрат е неорганско, едноставно, течно азотно ѓубриво кое содржи 18% азот во нитратна и амонијачна форма. Азотот влијае на растот на стеблото и коренот, на формирањето на лисната површина, отпорност на растението кон неповолните надворешни услови и болести, квалитетот на производот и доста добро влијае на приносот на растението, поради што азотните ѓубрива редовно се применуваат во производството на сите земјоделски култури. Наменет е за прихрана по пат на фертигација (систем капка по капка) сите земјоделски култури.
Ammonium Nitrate Liquid
Нашиот Амониум нитрат нема носители – полначи и останати непотребни неактивни компоненти бидејќи се произведува со единствен процес на хемиска реакција. Нашиот Амониум нитрат има 18% активни материи кои растенијата директно ги примаат, а резултатите се видливи многу брзо.
 
 
 
 
 

  • Амониум нитрат 18% течното ѓубриво е чист, транспарентен, стабилен производ, сигурен за употреба.
  • Можна е примена во системите за наводнување, како и фолијарно.
  • Компатибилен е со повеќето ѓубрива растворливи во вода.

 
Балкан Грин Хаус го нуди овој единствен производ на македонскиот пазар како ексклузивен застапник на софистицирани ѓубрива, со холандско потекло и квалитет.

Нашите канцеларии се наоѓаат на Овче Поле, каде што можете да не посетите или да не контактирате на телефонскиот број: +389 32 455 522 или на емаил: info@balkangreenhouse.mk

Тимот на Балкан грин Хаус Ви стои на располагање!