Примена на амониум во почва и супстрат

Висока pH вредност спречува навлегувањето на хранливи материи. Ѓубривата кои што содржат амониум pH нивото во околината на коренот може да се намали. Различните култури и техники на одгледување бараат различен пристап.
Со работата на амониумот, амониумовите јони во почвата се претвораат во нитратни јони преку т.н. нитрификација. За време на процесто се ослободуваат Н+ јони, со што се намалува нивото на рН. Овој процес на закиселување е помалку ефективен кога почвата содржи високо ниво на калциум карбонат. Во тој случај ефектот на закиселување на амониумот е значително послаб. Кога амониумот е пронајден во почвата преку почвените анализи значи дека или премногу вода е нанесено или дека има премала количина на кислород во кореновата средина.
Уреата е пример на закиселено ѓубриво. Уреата се состои од амид на јаглеродна киселина, кој пак се ковертира од урејна бактерија во амониум и тогаш преку нитрификацијата во нитрат. Кај почви кои што содржат високо ниво на калциум, со уреата треба да се работи внимателно, бидејќи амониумот се формира и испарува.

Време на примена

Закиселените ѓубрива се препорачуваат во нашата програма базирана на концентрација на бикарбонати (HCO3) во чиста вода. Кај многу видови на почва амониумот се калкулира во растворот за прихрана базиран на рН вредноста, бикарбонатите и концентрацијата на амониум во примероците на почва. Концентрацијата на бикарбонати има најголемо влијание на доза на амониум. Амониумот се препорачува на рН ниво 6,9

Култивација на супстрат

Кога се користат нови вреќички камена волна количината на амониум е лимитирана. За розите не е препорачано амониум во растворот за прихрана во периодот половината на Септември се до половината на февруари.
За тресетните супстрати 10-20% од азотот се нанесува преку амониум. На одредено ниво на рН се препорачува дополнителна количина на амоиум.
Примената на амониум во растворот за прихрана не е секогаш пожелен. кај доматот високата концентрација на амониум во кореновата средина може да предизвика неправилен развој на коренот.
Ве молиме контактирајте го Хортицентар – Greenhouse training center тимот доколку имате прашања околу оваа проблематика.