83 Меѓународен земјоделски саем во Нови Сад

Хортицентар Адриа заедно со Хортицентар – Greenhouse training center, Балкан Грин Хаус и KG Greenhouses од Холандија учествува на Земјоделскиот саем во Нови Сад од 14-ти до 20-ти Мај оваа година.
Меѓународниот земјоделски саем е еден од најголемите настани од ваков вид во Србија и во овој дел на Европа. Земјоделскиот саем стана заштитен знак на Новосадскиот саем како најстар саемски настан.
Саемот ги собира најважните компании од областа на земјоделството, земјоделското производство и механизација, како и сточарството. Земјоделскиот саем во Нови Сад низ годините е неизбежен настан за сите земјоделски производители од земјата и регионот.
Нашиот штанд е отворен секој ден од 09:00 до 19:00 часот.
Посетете го штандот на Хортицентар Адриа/Балкан Грин Хаус во Хала 1 во склоп на холандскиот павиљон.
Не Ви е потребна мапа за да не пронајдете, само посетете го најпосетениот штанд!
Се гледаме.